Денеска на прес-конференцијата на министреот за здравство Венко Филипче во делот новинарите прашуваат, новинарка од ТВ Канал 5 упати апел до сите гледачи да се чуваат, и извести дека четворица вработени во телевизијата се испратени во самиозолација. Таа посочи дека по веста за заразен со Ковид 19 од нивната телевизија, медиумот сепак ќе продолжи професионално да работи и емитува програма.