Четворица бркаат милион долари
До крајот од Златната лига преостануваат уште два митинга во Брисел (25 агуст) и Берлин (3 септември)
Во борбата за еден милион долари останаа атлетичарите Асафа Пауел од Јамајка (100 м), Американецот Џереми Вернер (400 м), Сани Ричардс од САД (400м) и Тирнеш Дибаба (5000 м) кои победија на сите четири досега одржани митинзи од серијата во Златната лига . На три митинзи победија Панамецот Ирвинг Салвадино (скок во далечина) и Кенеривс Бекелеле (5000 м) и останаа во трката за наградниот фонд од 500.000 долари, под услов да победат во своите дисциплини и на преостанатите два митинга од Златната лига, на 25 август во Брисел и 3 септември во Берлин. Бугарката Венелина Венева, европска вицешампионка од Гетеборг го освои првото место на митингот во Цирих, во скок во височина, прескокнувајќи 204 см што претставува нов рекорд на митинзите. Второто место и припадна на бронзената од последното ЕП, Швеѓанката Кајси Бергвист (202 см), а трета беше Хрватската атлетичарка Бланка Власиќ со 190 см, со што отпадна од трката за џек-пот од 500.000 долари. Од позначајните резултати на митингот во Цирих ја одбележуваме победата на Дибаба на 5000 м со време 14:45:73, втора беше Едит Масаи (Кенија) 14:48:22, а трета натпреварувачката од Етиопија Берхан Адере со 14:49:03. На 100 м со пречки Мишеле Пери (САД) беше најбрза со време од 12,65 сек. Кај мажите во скок со стап Бред Велкер (САД) триумфираше со 5,85 м, во скок во далечина Ирвинг Саладино (Панама) 8,36 м, на 400 м со пречки Гркот Периклис Јаковакис 47,92. Во атрактивната трка на 5000 м Бекелеле постигна најдобро време 12:48:25, на 1500 м најбрз беше Кипроно Чоге од Кенија со 3:32:72, на 400 м триумфира Ворнер (САД) со 44,20 сек, а на 110 м со пречки Ален Џонсон од САД со 13,14 секунди.