x

Честитки од сите страни: Бенитез пресреќен што сонот на „црвените“ се оствари

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Рафаел Бенитез, кој го водеше клубот од 2004 до 2010 година, беше еден од првите кои излезе со искрени честитки за шампионската титула на „црвените“ во Премиер лигата.

„Честитки до Ливерпул, ова е сон кој се оствари по 30 години! Многу сум среќен за сите црвени! Никогаш нема да одите сами “, напиша Бенитез на Твитер.

На седум кола пред крајот на шампионатот Ливерпул веќе има недостижна предност од 23 бода пред Манчестер Сити и со тоа конечно по 1990 година за првпат успеа да ја освои титулата во англиската елита.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата