Токму, Червар е во центарот на вниманието на хрватската јавност, бидејќи се споменува како прв избор за клупата на ракометната репрезентација на Хрвартска, бидејќи во неговиот договор со РФМ има член во кој стои дека може да си замине кога сака.

Хрватските медиуми веќе го промовираа новиот проект на ХРС кој треба да го предводат Червар и Славко Голужа, а своето мислење за овој избор во интервју за “24сата” даде Веселин Вујовиќ.

–Гледајте, сега повторно ќе кажам нешто за што ќе бидам нападнат, можеби и погрешно разбран. Лино е селектор на Македонија, се колне во тој проект, во младоста на тој тим, во иднината на таа репрезентација, а во суштина едвај чека да добие повик од Хрватска. Тоа значи дека се фолира. А Голужа… Човекот беше селектор освојуваше медали, а сега се согласува да му биде помошник на некого. Добро, нека прават што сакаат, ама јас едноставно не ги разбирам тие луѓе, изјави Вујовиќ.

За разлика од селекторот на Словенија кој во неколку наврати потенцираше дека договорот со Словенија ќе го испочитува до крај, македонскиот селектор сè уште не завземал став околу евентуалниот повик од хрватската ракометна репрезентација.