x

Челси ќе ја добие трката со Јунајтед и Ливерпул за Џејдон Санчо?

Челси сериозно се пушти во лов на таленти откако им заврши трансфер забраната, а според англиските медиуми тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе излезе како победник во „трката“ во Манчестер Јунајтед и Ливерпул за услугите на 19-годишниот Џејдон Санчо.

Санчо, кој кариерата ја стартуваше во младинските селекции на Ватфорд, играше за младиот тим на Манчестер Сити, а од 2017 година е играч на Борусија Дортмунд.

Челси работи на финализирање на трансферот вреден 120 милиони фунти, со кој танетнот на англискиот фудбал ќе го врати дома.

Санчо сезонава за Борусија има одиграно 24 натпревари на кои има постигнато 12 гола и 13 асистенции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата