Речиси третина од Германците (31 процент) веќе се откажале од планирањето за годинешниот летен одмор, а 22 проценти се откажале од патување во странство. Речиси секој втор германски граѓанин, или половина од Германците, не сакаат да се отворат границите во Европа за летните одмори, според анкетите на јавното мислење во Германија.

Од анкетираните, 48 проценти се залагале дека граничните блокади воведени како дел од мерките против корона вирусот треба да се одржуваат и во текот на летото. Од нив, 20% се за укинување на блокадите кон одредени земји, а само 13% се за кревање на блокадите во рамките на Европската унија заедно. Овие резултати доаѓаат од испитување на Институтот YouGov, нарачано од германската агенција ДПА.

Во средата, германската влада ја прошири сегашната препорака до граѓаните да не патуваат во странство барем до средината на јуни. Границите кон соседните земји можат да се преминат само од лица кои работат на другата страна на границата или се принудени да патуваат од некоја посебна причина.

Речиси третина од Германците (31 процент) веќе се откажале од планирањето за годинешниот летен одмор, а 22 проценти се откажале од патување во странство. Според оваа анкета, само 18 проценти од испитаниците остануваат на нивните тековни планови за одмор. Но, во исто време, 45 проценти изјавиле дека никогаш не ни планирале летен одмор пред кризата со епидемијата.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас повеќе пати ги повтори проценките дека годинава нема да има патување во странство, како што било пракса во претходните години.