x

Челзи тргнува по Бенасер, Милан не отстапува од 45 милиони евра

ismael-bennacer

Лондонски Челзи е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Милан, Исмаил Бенасер. Според весникот „Сан“, екс-фудбалерот на Арсенал е пред можно враќање во Премиер лигата, ако „сините“ успеат да добијат мало намалување на цената на Бенасер која во моментов е 45 милиони евра.

Алжирскиот интернационалец беше дел од „топчиите“ меѓу 2015 и 2017 година, со само еден настап.

Високата цена која Милан ја постави за него може да се покаже како пречка за реализација на трансферот, затоа што лоднончани досега потрошија доста пари за неколку квалитетни имиња.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата