x

Челзи со 200 милиони фунти ќе купува во Серија А!

Ова лето, ако работите со пандемијата тргнат на подобро, Челзи има намера да потроши богатство за да го засили својот тим. Со тоа Роман Абрамовиќ одново сака од Челзи да направи екипа која под водство на Френки Лампард ќе се бори за титулата во Премиер Лигата.

Па така трансферна цел на Лампард се тројца играчи, и тоа големи ѕвезди, кои сега играат во Серија А. За нив Челзи има намера да потроши близу 200 милиони фунти. Тоа се Пјаниќ (Јувентус), Донарума (Милан) и Лаутаро (Интер). Евентуалните трансфери на првите двајца не би требало да бидат проблем, но за затоа за напаѓачот на Интер силно е заинтересирана и Барселона. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата