x

Челзи со 100 милиони евра ќе го купува Каи Хаверц!?

Откако истече казната за купување на играчи, односно за трансфери, Челзи полека, но сигурно се враќа на голема врата меѓу оние големи светски клубови кои важат за трошаџии. Па така по Вернер, за кого се платени 53 милиони евра и Зијеш, кој дојде од Ајакс за 40 милиони, Роман Абрамовиќ има намера да ја испразни клупската каса за уште 100 милиони евра. Имено таа е сумата со која “сините“ од Лондон имаат намера да тргнат во конечна офанзива за купување на младата германска ѕвезда, која утре во финалето на Купот на Германија против Баерн Минхен, веројатно за последен пат ќе го носи дресот на Леверкузен.

Во случај трансферот да се оствари, тогаш тоа ќе биде и клупски рекорд. Досега истиот го држеше трансферот на Кепа кој кошташе 80 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата