x

Челзи со преврт до победа, првенец на Тијаго Силва (ВИДЕО)

chelsea-shefield

Челзи ја оствари и четвртата победа оваа сезона во Премиер лигата, откако вечерва на домашен терен со 4:1 го совлада тимот на Шефилд Ј.

Гостите од Шефилд први погодија за водство од 1:0 со голот на МекГолдрик уште во 9. минута. Тоа не ги пресече домашните, туку напротив ги освести и во многу кус период следуваше пресврт.

 

Таму Абрахам во 23. минута израмни на 1:1, за во 34. минута Бен Чилвел да ги донесе домашните и до водство од 2:1.

 

Во вториот дел се беше во знакот на „сините“. Со голот првенец во дресот на Челзи, Тиаго Силва донесе предност од 3:1, за Тимо Вернер да ја зголеми предноста на 4:1 со гол во 80. минута, на кој му претходеше едно негово големо промашување во обид да го лобува гостинскиот голман.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата