x

Челзи со бод, Астон Вила со три од гостувањето кај Барнли (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи не успеаја да дојдат до целиот плен на гостувањето кај Брајтон, само поради феноменалниот гол на Иранецот Јаханбакш со кој домашните извлекоа реми на првиот меч во новата 2020 година. Челзи тргна со гол за водство преку капитенот Аспиликуета во 10. минута, а иако водеа до 84. минута, на крајот мораа да се задоволат со реми.



Голема и вредна победа обезбеди Астон Вила, која во првото коло во 2020 година славеше со 2:1 на гостувањето кај Барнли. Одличната игра на гостите беше претворена во водство од 2:0 со головите на Весли и Грилиш веќе во првиот дел, кога за Астон Вила ВАР поништи уште еден дискутабилен гол поради наводен офсајд.

Домашните се вратија во игра во вториот дел со голот на Вуд во 80. минута, но се чини веќе беше предоцна.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата