x

Челзи „потона“ по црвениот картон, Мане ја искористи „бламажата“ на Кепа!

mane-radost

Во дербито од Премиерлигата, Челзи на домашен терен е поразен од актуелниот првак Ливерпул со 0:2. Двата гола ги постигна Садио Мане во вториот дел. Челзи во финишот од првиот дел остана без Кристенсен кој доби црвен картон.

Потоа на сцена стапи Садио Мане кој во 50 и 54-тата минута постигна два гола. Првиот со глава, а вториот по „бламажата“ на Кепа.

Поразот на Челзи беше извесен откако Алисон му одбрани и пенал на Жоржињо, кој пропушти шанса да намали во 75. минута.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата