x

Челзи победи и го лансираше Ливерпул на шампионскиот трон (ВИДЕО)

Челзи го совлада Манчестер Сити со 2:1 и со тоа му направи услуга на лидерот Ливерпул уште на 7 кола пред крајот на сезоната да ја освои шампионската титула. „Црвените“ со нетрпение го следеа вечерашниот дуел на „Стемфорд Бриџ“ и можат да им бидат благодарни на „сините“ од Лондон што го спречија тимот на Пеп Гвардиола да си замине со победа и да ја продолжи неизвесноста во трката за титулата.

Кристијан Пулишиќ со гол во 36. минута го најави триумфот на домашните, но Манчестер Сити успеа на стартот на второто полувреме со еден прекрасен гол од слободен удар на Де Бруине да дојде до израмнување.


Сити веднаш потоа преку Стерлинг имаше шанса и за водство, но топката заврши само вод ирекот од домашниот гол. По неколку пропуштени 100% шанси, Челзи конечно се избори за пеналво 78. минута, кому му претходеше намерна игра со рака на Фернандињо кој веднаш доби исклучување.

Вилијан погоди од белата точка и го лансираше Ливерпул на шампионскиот трон по пауза од цели 30. години.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата