x

Челзи губи со 3:0 на полувреме од ВБА, деби на Силва со капитенската лента, но и со огромен „кикс“ (ВИДЕО)

silva

 

Кепа Аризабалага, голманот на Челзи денеска се наоѓа на клупата за резерви на „сините“, но се покажа дека тој не е проблемот за лондонскиот тим.

Лампард се реши денеска на гостувањето кај ВБА да почне со сосема изменет тим од минатото коло со Ливерпул, но и неколку добија нови улоги, како што е Вернер кој игра повеќе во средината, а Абрахам во шпицот.

Тиаго Силва почна како капитен, ова беше негово деби, ама се посрамоти. Тој направи грешка за 2:0 за ВБА во тие мигови, а потоа ВБА дојде и до 3:0.

Челзи има уште едно полувреме да го поправи впечатокот, но ВБА беше поблиску до четврти гол, отколку „сините“ до првиот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата