x

Челзи го загуби трпението со Кепа, носи нов голман на „Стемфорд Бриџ“

Кепа Аризабалага беше платен дури 80 милиони евра на Атлетик Билбао за да стигне на местото на Куртоа. Добро тргна, но шпанскиот голман сезонава оддалеку е од епитетот „најскап“. Направи неколку киксови, а има и најмал процент на одбранети удари.

Токму од тука Челзи посакува да се реши од него, но тешко дека некој тим ќе даде многу пари, особено сега кога формата му е многу слаба. Така Челзи ќе носи нов чувар на мрежата, и тоа во името на голманот на Барнли, Ник Поп.

Овој голман сезонава брани фантастично, искусен е, и по мерка на Лампард.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата