До почетокот на Светското фудбалско првенство во Германија остануваат неполни два месеца. Селекторите на репрезентациите на земјите-учеснички на завршницата од Мундијалот се уште размислуваат околу конечните списоци на играчите, што треба да ги достават до 15 мај. Сепак, тоа не е единствениот проблем кој ги мачи првите стручњаци на националните тимови. Пред нив е испречена и дилемата дали да им дозволат на фудбалерите да имаат секс пред или по натпреварите, или пак сексот целосно да биде исклучен за време на првенството.
Свое видување во разрешувањето на ваквите дилеми има и девојката на стрелецот број еден во италијанската Серија А и напаѓач на Фиорентина, Лука Тони, Марта Чекето.
“Сексот за време на првенството за мене не е штетен. Да одлучував јас ќе беше дозволен, сепак тоа не зависи од мене. Постојат и други фактори од кои зависи успехот на нашата селекција, сексот не е некој голем проблем”, изјави Марта. Каква ќе биде одлуката за сексот зависи од селекторот на “азурите” Марчело Липи. Сепак, дотогаш Марта ќе може да се насладува на Лука Тони, а тој очигледно ќе биде на слатки маки.