x

ЧЕКАШЕ И ДОЧЕКА: Триумф на Пентиро во слаломот во Вал д’Изер

Францускиот скијач Алексис Пентиро е победник на вториот овогодишен слалом што денеска се одржа во Вал д’Изер во рамките на Светскиот куп. Пентиро беше лидер после првото возење, а во другото дури беше и подобар и на крајот славеше убедлива и заслужена победа.

Во второто возење речиси сите оние што беа при врвот потфрлија, а само Пентиро имаше маестрален настап и славеше пред Швеѓанецот Андреа Мирер. Третото место го освои Италијанецот Стефано Гросо.

Ова е одлично. Победа пред домашна публика – нема нешто поубаво. Работев долги години, а имав многу проблеми во оваа дисциплина. Сакав да се откажам, но пред две години решив да се фокусирам на слаломот. Минатата година неколку пати се искачив на подиумот но никогаш како прв. Сега успеав и горд сум на тоа“, изјави Пентиро по првиот триумф во слаломот после Венген 2014.

Да потсетиме на првиот слалом сезонава кој се возеше во ноември во Леви победи Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој денеска заврши како четврти.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата