Лидерот на Либерално-демократската партија во Република Србија, Чедомир Јовановиќ, се огласи по веста дека го нападнал сопственикот на приватна клиника за физикална терапија.

Во својата објава на Инстаграм не ги коментира извештаите во медиумите за нападот со тениски рекет,кој полицијата го истражува, но испрати порака дека „не е сигурен што може да очекува во иднина“.

„Фокусиран сум на суштината, исклучувам сè друго. Не сум сигурен што можам да очекувам во иднина, но не се плашам од неа затоа што знам за кого живеам. За оние коишто се „мои” … Анѓелија, Зора, Јана, Михајла, Хрис, Јела … а за вас малкумина кои останавте мои и покрај сè … и јас го споделувам вашиот товар како што вие го носите мојот. Јас живеам за тоа, сакам поради тоа”, напиша тој.

Во српските медиуми се појави информација дека лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, го претепал сопственикот на Клиниката за физикална терапија „Физио центар“ во Нов Белград. Како што се наведува, Јовановиќ на сопственикот на клиниката Д.И. (41) со тениски рекет му задал неколку удари во пределот на главата и телото. Тој, наводно, излегол од црн џип и го нападнал сопственикот на клиниката.

извор: Makfax