Нема сомневање дека часовникот е најважен машки моден детаљ. Конзервативните мажи ќе отидат и подалеку и ќе го прогласат часовникот за единствен и неопходен, додека другите детали ќе ги оценат како бескорисни. Ако го делите нивното мислење, на изборот на така важно парче посветете доволно време. Има заговорници на стилските правила по кои добро опремениот маж мора да има барем три часовника: секојдневен, за спортски активности и елегантни. Ако вој став го сметате за претеран, тогаш и еден, ама внимателно избран е сосема задоволен. При изборот размислете за естетската димензија, значи дизајнот на часовникот, од кој материјал е направен – што е важно за рок на траењето, и на крај неговата функционалност. Меѓутоа, можете да одите и чекор понатаму…. Современиот маж може да изгледа добро со внимателно одбран накит, се додека не се претера во тоа. Класичен избор е накитот од злато, сребро или платина. Ако сакате нешто поразлично, одлучете се за накит од титаниум, кој е многу пријатен и лесен за носење. Ако се определите за синџирче, водите грижа да биде едноставно и со средна дебелина, бидејќи ако е дебел ќе создаде ганстерски изглед кој не ви го препорачуваме. Прстенот одамна не е симбол кој се поврзува со чинот на венчавање, па токму поради тоа стана многу популарно парче накит за мажи. Денес, прстенот може да се носи на секоја прст, а најхрабрите се одлучуваат за палецот. При изборот сетете се дека големиот прстен е и голем проблем. Покрај тоа што изгледа непропорционално во односот на прстот и раката, тој може да биде и многу непрактичен за носење. Приказната за накитот не е готова се додека не ги споменеме обетките. Некогаш владееше мислењето дека обетките се резервирани само за жени, тинејџерите и музичарите. Со појавата на пирсингот овој накит доживува нова популарност, а освен на ушите сега се носат на образите, усните, јазикот, брадавиците…. Но, сепак добро размислете пред да се решите за овој вид модни детали.