Невработеноста рапидно се зголемува од ден на ден, а и бизниси се затвораат заради намалување на профитот за дури 90% и неможноста да се покријат ниту основните трошоци за опстанок на бизнисот.  Трендот на отпуштање на работници продолжува и понатаму.

Ваквиот тренд продолжува и во Струга каде невработеноста е зголемена за 30 проценти само од март до август. Во март имало 3.142 активни баратели на работа, додека во август бројката се искачила на 4.294.

Отпуштања има во сите сектори, почнувајќи од текстилните фирми кои поради затворање на пазарите во странство го преполовиле и бројот на вработени па до други компании кои ги скратиле работните часови од 40 на 20 часа неделно заради намалување на трошоците.

За надминување на оваа состојба неопходно е сериозен пристап и помош од државата што досега не дало некави резултати имајќи го во предвид факторт дека и покрај мерките со кои се фали Владата бизнисите продолжуваат да се затвораат.

Едни од најпогодените од кризата се и занаетчиите, производителите и бутиците од Прилеп кои според истражувањето спроведено од страна на Економскиот факултет- Прилеп, бележат намалени приходи за 50 до 90 проценти.

Од истражувањето се добија низа податоци за влијанието на КОВИД-19. Пред сѐ, намален број вработени кај анкетираните. Немаше промена на сопственичката структура на дуќаните. Речиси 93 проценти од анкетираните бизниси се изјаснија дека нивниот приход е намален до 90 отсто, односно од 50 до 90 проценти. Огромна е загриженоста за продолжување на бизнисот, објасни професорот Коста Сотироски.

Како резултат на ова во старата чаршија во Прилеп дури 35 дуќани се празни. Ако некој дуќан во Старата чаршија се празнел, се знаел новиот сопственик или кираџија.

Граѓаните секојдневно остануваат без работа, а семејствата со вработен помалку, а никако да се осети резултатот на антикризните мерки со кои Владата се фали дека се зачувуваат работни места.