x

Чаневски ја има одбраната на колото во ЛШ, Јотиќ трет најубав гол (ВИДЕО)

Голманот на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски, ја има најдобрата одбрана во 9. коло од Лигата на шампионите на ЕХФ. Во традиционалниот неделен пресек на најинтересните моменти на натпреварите одиграни во тековното коло, една од успешните интервенции на голманите на Еурофарм Работник се најде на првото место во изборот на најдобри интервенции.

Во изборот на најубави голови, место има за уште еден ракометар на битолскиот тим. Имено „бомбардерот“ Ловро Јотиќ се најде на третото место во изворот на најубави погодоци во тековното коло. Штета за битолчани што го загубија мечот на гостувањето кај Рихимаен Кокс.

Видеата од двата избори можете да ги погледнете на следните линкови:

НАЈДОБРИ ОДБРАНИ

НАЈДОБРИ ГОЛОВИ

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата