x

Чалханоглу бара плата од пет милиони годишно

calhanoglu

Играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу може да го продолжи договорот со клубот, пренесува новинарот и добар познавач на италијанскиот фудбал, Николо Скира.

Според него, 26-годишниот турски фудбалер сака да добива пет милиони евра годишно.

Од друга страна, миланскиот клуб е подготвен да понуди само 3,5 милиони евра, па останува да се чека разврската од преговорите.

Во тековната сезона, Чалханоглу одигра 10 натпревари на сите турнири, на кои постигна четири гола и оствари една асистенција.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата