x

Чаирчани со видео порака: Без паника, останете дома, внимавајте на своето здравје (ВИДЕО)

Шкупи на оригинален начин им порача на своите фанови, на сите во Македонија и во светот да внимаваат на своето здравје во време на Коронавирусот. Чаирчани преку видео – порака порачаа дека треба да се внимава на своето здравје, дека нема место за паника, и секако, да се остане дома.

Порака е пратена на шест јазици, тренерот Бајрами и Исени говорат на албански, Алексовски и Глишиќ на македонски, Серџио на англиски, Нето на португалски, Јурдалак на турски, Диак на француски. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата