x

Чаирско селфи од сончевиот Дојран пред мега – дербито со Шкендија!

karan-selfi

Вчера завршија еднонеделните подготивки на Шкупи во Дојран, каде тимот под водство на Умит Каран се спремаше за мечот на полусезоната. Познато е дека чаирчани во сабота гостуваат во Тетово каде ќе ги одмерат силите со лидерот Шкендија.

За тоа дали и колку е задоволен од сработеното во Дојран, свој коментар за клупскиот сајт има токму Умир Каран.

Во Дојран најмногу внимание посветивме на отстранување на грешките кои ги пројавуваме на нашите натпревари. Секако работевме и на тактички план, играчите покажаа карактер на тренинзите, работеа посветено и сите максимално се залагаат, сакаат да се изборат за првотимскиот статус во тимот. Тоа мора да се респектира“ посочи турскиот стратег.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата