x

„Чаирско дете“ заигра за Белгија

Во потрагата по потенцијални засилувања за македонската фудбалска репрезентација, редакцијата на СПОРТМЕДИА, се сретна и со името на Линдон Ајети, момчето коа е родено во Белгија но кое има потекло од Скопје.

Неговите родители, стари Чаирчани, татко му Беким своевремено бил дел од младинската школа на Слога, а неговите роднини сега се дел од раководството на Шкупи. Ајети во моментов има 14. години, а е дел од тимот на Стандард Лиеж, откако овој клуб, плати обештетување тој да премине таму од тимот на Шарлероа.

Младиот десен бек не само што се истакна со своите игри туку заслужи и повик за репрезентацијата на Белгија под водство на селекторот Арно Ван Ден Абел. Тој организираше деновиве тренинг камп каде што во живо се увери во квалитетите на Ајети и неговите способности за таа десна бековска позиција

Белгиската федерација и реководните структури го препознаа потенцијалот на овој млад играч, па се надеваме дека и Македонија ќе го стори истото и наскоро ќе го повика Ајети за да настапи за нас. Тој поседува македонски пасош иако е роден во Белгија, и без проблем ќе може да го облече дресот на нашата земја.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата