Еден од најперспективните европски кошаркари, Чеди Осман не заборава од каде потекнува и веќе во неколку наврати ги претставува Охрид и Македонија на публиката во САД.

Турскиот репрезентативец кој е роден во Охрид во специјално видео кое гласи „Запознајте го Чеди“ раскажува за неговите почетоци и за тоа на кое место од светот се чувствува најубаво.