x

Чадиковски во стручниот штаб на Целје

img_1980

Поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен интернационалец со богата фудбалска кариера, Драган Чадиковски е нов член на стручниот штаб на Словенечкиот прволигаш Целје.

Чадиковски своевремено беше еден од нашите најдобри напаѓачи, а дел од својата кариера ја мина токму во Целје од 2001 до 2004 година, факт што вели дека ова му е добро позната средина.

Тој изминатиот период беше дел од неговиот матичен клуб Колубара каде што и ја заврши фудбалската кариера и ја започна тренерската. Беше на чело и на футсал клубот, а сега доаѓа како член на стручниот штаб под водство на тренерот, Душан Косиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата