Ситуацијата што се создаде откако Анкара ги купи руските ракетни системи С-400 не влијае на односите на Турција со НАТО,изјави турскиот министер за надворешни работи
Мевљут Чавушоглу, пренесува ТАСС.

„Немаме никаков проблем со НАТО. Кога ќе ги погледнете изјавите на генералниот секретар, па дури и на заменик генералниот секретар во однос на С-400 и други прашања, тоа не е проблем за НАТО. Турција е во првите пет земји според придонесите во НАТО. Проблемот со С-400 е повеќе билатерално прашање меѓу Турција и САД“, вели Чавушоглу.

Чавушоглу е во посета на Тајланд, каде што се одржува министерски состанок на АСЕАН. Тој претходно се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров на разговори околу билатералните
односи и регионалните прашања.

извор: Makfax