x

Ц. Звезда чека абер од УЕФА дали да патува во Ереван: Ерменија прогласи општа мобилизација!

korona-zvezda

Српскиот шампион Црвена Звезда во четврток треба да одигра плеј-оф натпревар за пласман во групната фаза од Лигата на Европа против Арарат во Ерменија, но денеска стигнуваат вести дека оваа земја на истокот на континентот прогласи воена состојба!

Тензиите повторно се зголемија меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот Нагорно Карабах каде имало пукотници, а има и жртви. Претседателот Армен Саркозијан објави општа мобилизација, а кога ќе биде прогласена воена состојба, тогаш сите трговски летови ќе се откажат.

Сега сите погледи се свртени кон Нион, кон седиштето на УЕФА, која треба да донесе одлука дали ервенските тимови ќе можат да продолжат во европските купови, особено што Арарат треба да биде домаќин во Ереван.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата