Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, го одби барањето на британскиот Парламент да се појави пред ова тело и да одговара на прашања поврзани со злоупотребата на податоците на корисниците на оваа социјална мрежа, објави „Индепендент“.

Неодамна во јавноста беше откриено дека британската фирма „Кембриџ аналитика“ на незаконски начин собрала податоци на 50 милиони корисници на „Фејсбук“ непосредно пред изборите за претседател во САД во 2016 година за да влијае на избирачите со пласирање на лажни вести.

Иако веднаш следеше реакција од оваа консултантска фирма, и во САД и во Велика Британија е отворена истрага за скандалот. На Цукерберг му било испратено писмо од комитетот на британскиот парламент задолжен за дигитални медиуми во кое се сугерира дека тој би требало лично да се појави на сослушување.

„Индепендент“ објавува дека најверојатно Цукерберг во Парламентот ќе испрати некој од неговите заменици.

 

извор: Makfax