x

ЦСКА до седма победа по ред, Фенер ја прекина серијата порази

cska

Руската ЦСКА е во налет-  против Олимпијакос вечерва стигна до седмата победа по ред во Евролигата. „Армејците“ славеа со 80:61, а ги предводеше Мајк Џејмс со 16 поени, и по седум скокови и асистенции. Двоцифрен ефект имаше и Шенгелија (10), а кај гостите најефикасни беа Мартин и Придезис.

А Фенербахче ја прекина серијата порази со тоа што го совлада Зенит со 73:65. Фенер во првиот дел имаше и плус 17, а подоцна Зенит сврте, но тимот на Игор Кокошков во финишот стигна до заслужен триумф. Јан Весели реализираше 17 кошеви кај победничката екипа.

А Макаби Тел Авив ја совлада Црвена Звезда со 81:76. Лојд од Звезда уфрли 23 кошеви, а Вилбекин од Макаби 23.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата