Марија Јорданоска, која сака да биде балерина, и Алек Пашанку, кој ни го нацрта својот најдобар другар – букварот, ќе бидат наградени за својот труд, односно за испратените цртежи на тема Сакам да бидам… Првоодделенката Марија, ученичка во ОУ”Кирил и Методиј” ќе си добие Барби производ, додека, исто така првоодделенецот, Алек – Бураго количка. Драги дечиња вашата задача за следната недела, а секако се` уште можете да цртате и на веќе зададените теми, е – Мојот омилен пејач/пејачка… Затоа обидете се да го нацртате вашиот омилен музички лик, а цртежите испраќајте ги во нашата Редакција на адреса: ул. “Никола Вапцаров” бр. 2, 1000 Скопје.