x

Црн рекорд за Манчестер Јунајтед и Давид де Хеа

Манчестер Јунајтед одигра 1:1 против Евертон, а автоголот на Виктор Линделеф уште во првото полувреме донесе не еден туку два неславни рекорди за „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед на 12 првенствени натпревари во низа прима гол, а таква серија му се нема случено од август 1971 година.

Исто така голманот на Јунајтед, Давид де Хеа, на 12 едноподруго првенствени настапи прима гол, што е негов црн рекорд во клубот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата