x

Црн Дрим го освои Аеродром за дебитантски триумф (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Црн Дрим дојде до првиот дебтинаски триумф во Првата лига, во интересен натпревар со пресврти и драматична завршница го совлада МЗТ Скопје со 75-78 (19-20, 19-20, 15-29, 22-18).

Стружани беа подобри во првата четвртина во која имаа двоцифрени (8-18), но истите брзо ги изгубија, младите „штркчиња“  со серија од 10-9 направија пресврт поведоа со 25-20 и се до крајот на вториот период ја имаа контролата на резултатот. Гостите се разбудија во последната минута, ја вратија позитивата (38-40.

Не застанаа, голем дел од третиот период им припадна на нив, беше 47-54 и 53-60. Во решавачките десет минути одново имаа двоцифрено водство 60-71. Но, домашните играчи не се откажаа со серија од 10-3 се доближија на 70-74 на нецели три минути до крајот.

Дуелот влезе во незивесна завршница, Савичевиќ погоди три поени за 75-76 на 30 секунди до истекот на регуларниот дел, Настовски реализираше за 75-78, а на МЗТ Скопје 2 не успеа да го реализира последниот напад, Савичевиќ од тешка позиција не погоди за три поени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата