Во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи на ковид-19 и тоа 539 во Скопје, во Куманово-55,  Дебар-3, Штип-36, Прилеп-92, Тетово-83, Струга-35, Велес-40, Битола-50, Охрид-26, Кавадарци-34, Гостивар-72, Гевгелија-24, Струмица-23, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-32, Пробиштип-7, Демир Хисар-16, Пехчево-2, Берово-11,  Виница-7, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-13, Кичево-40, Ресен-13, Неготино-18.  

Починати, пак, се 26 лица, и тоа шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 458

• Гази Баба – 1066

• Аеродром -1205

• Карпош – 1032

• Центар – 982

• Кисела Вода – 964

• Ѓорче Петров – 639

• Бутел – 400

• Шуто Оризари – 132

• Студеничани – 39

• Сарај – 87

• Арачиново -20

• Илинден – 192

• Сопиште – 58

• Чучер Сандево – 69

• Петровец –74

• Зелениково -47

• Странец – 125

• Нераспределен- 167