-Среќен сум што потпишав за Вардар, за амбициозен клуб кој со големи чекори оди напред. Од тренинзите и натпреварите тука во изминатите неколку дена имав шанса да се уверам дека тоа е така и навистина сум среќен што официјално станав дел од овој колектив, изјави Мијушковиќ за официјалната интернет страница на клубот, потенцирајќи дека следната сезона посакува три круни со „вардарци”.

-Јас ќе дадам се од себе тие амбиции да се остварат, да осовиме три титули во наредната сезона. Но, сега е најважно да се подготвиме за Лигата на шампионите, каде што се надеваме дека ќе успееме да го минеме АПОЕЛ, додаде Црногорецот.

Претходно Вардар се засили и со Ацо Стојков, Владица Брдаровски, Бобан Николов, Филип Гачевски, Дарко Велковски и Хуан Фелипе. Македонскиот шампион во моментов е на подготовки во Австрија, а својот последен пријателски натпревар пред квалификациските дуели со АПОЕЛ ќе го има на 2. јули против Динамо Загреб.