Во последните 24 часа се направени 1837 тестирања, а регистрирани се 613 нови случаи на ковид-19 од кои 204 се во Скопје, во Куманово 35, Дебар-15, Штип-20, Прилеп-27, Тетово-29, Струга-19, Велес-24, Битола-23, Охрид-27, Кавадарци-38, Гостивар-24, Гевгелија-19, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-11, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-12, Валандово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-15.  

Починати се 25 лица, осум пациенти од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103.