Во Црна Гора стапи на сила закон кој предвидува парични казни за непочитување на мерките за борба против коронавирусот.

Од синоќа, со влегувањето во сила на новиот Закон за заштита од коронавирус, Управата за инспекциски работи на Црна Гора ригорозно започнува со казнување на прекршоци на наредбите за спречување на ширење на коронавирусот, а предвидените казни се движат од 500 до 20.000 евра.

Откако синоќа во Службен весник беше објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Владата објави дека се предвидени казни од 2.000 – 20.000 евра за правни лица, од 200-2.000 евра за лица одговорни во правни лица и од 350 до 6.000 евра за фирми кои не обезбедуваат физичко растојание и заштитна опрема.

извор: Makfax