Во Црна Гора следната година ќе биде воведено доброволно служење на воен рок, пишува весникот „Победа“ повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана.

„Долгорочниот палн за развојот на одбраната 2016-2025, како еден од приритетните развојни цели на војската, предвидува воспоставување на систем за доброволно служење на воениот рок“, наведува весникот.

Како што се додава, планирано е следната година да започне доброволното служење на воениот рок, а дотогаш да се измени законската регулатива во насока на создавање на услови за воведување на рокот.

 

Задолжителното служење на воениот рок беше укинато во 2006 година, откако Црна Гора стана независна држава.

извор: Makfax