Црна Гора воведе строги мерки во борбата против коронавирусот, меѓу кои е и полициски час од 21 часoт навечер до 5 часот наутро во целата држава. Мерките ќе стапат на сила в недела, 15 ноември, и ќе важат до 1 декември, со можност за продолжување.

Со новите мерки е предвидена и забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите.

Работното време на продавниците и угостителските објекти ќе се скрати до 20 часот, а сите собири, како и одењето на гости, ќе бидат забранети.

Носењето маски ќе биде задолжително и во угостителските објекти, а како посебна дополнителна мерка за угостителите, ќе има и поставување плексиглас помеѓу масите.

Меѓу мерките се и забрана за групирање на повеќе од четири лица на отворено, забрана на верски собири, погреби, свадби, сите приватни собири и прослави (родендени, крштевки и други прослави).

Групните тренинзи во фитнес-центрите ќе бидат забранети.

извор: Makfax