Се продава јахтата на Тито

Министарството за сообраќај, поморство и телекомуникации на Црна Гора наскоро ќе распише оглас за продажба на Титовата јахта “Приморка” со почетна цена од 180.000 евра. Основата причина за продажба се високите трошоци за одржување на јахтата со петчлен екипаж кои годишно изнесуваат и до 140.000 евра. “Приморка” е изградена во 1974 година во Италија, долга е 24,22 и широка 6,3 метри. Ја подвижува мотор од 1.000 кв. и може да постигне максимална брзина од 28 чворови на час.