x

Црната серија на Шалке продолжи – 27 меча без победа!

raman

А беа на чекор да ја прекинат негативната низа, но примија гол во 93 минута и освоија само бод на гостувањето кај Аугзбург во рамките на 11.коло во Бундес лигата. Екипата на Шалке повторно не победи. Денеска можеа да го направат тоа и не успеаа. Аугзбург поведе со автоголот на Сердар, но во второто полувреме во период од 10 минути Шалке го сврте резултатот во своја корист со головите на Раман и Буџелаб. Имаа и играч повеќе (Нидерлекнер од Аузгбург доби втор жолт картон), но примија гол во 93 минута преку Рихтер.

Конечни 2:2 и повторно агонија за Шалке. „Сините“ веќе 27 меча по ред немаат победа во Бундес лигата и опасно се приближуваат до антирекордот на Тасманија Берлин од сезоната 1965/66 од 31 меч без победа.

Шалке е последен на табелата со скор 0-4-7. Во следните две кола тимот од Гелзенкирхен има шанса да стави крај на оваа низа затоа што игра дома со Фрајбург и Арминија. Ако тука не впише триумф, тогаш е „печен“ за второлигашко друштво.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата