Меѓу најатрактивните е секако данската манекенка, Катрин Марија Кристијансен, која честопати објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи во разголено издание, а интимните делови ги покрива со „ѓаволскиот” дрес.

Кристијансен има 25 години и неодамна ги украси насловните страници на голем број светски магазини, а со нејзиниот сексапилен изглед го привлече вниманието на спортската јавност. Таа не крие дека го обожава фудбалот, а особено момците од „Олд Трафорд”, кои иако во последно време не бележат добри резултати во Премиер лигата, верува дека тимот повторно ќе се врати на старите победнички патеки.

Инаку, Данката најави комплетна поддршка на избраниците на тренерот Жозе Мурињо во финалниот дуел од Лигата на Европа, каде ќе ги одмерат силите со холандски Ајакс.