x

Црвена Звезда ја одбрани титулата во Србија!

Со победата од 0:5 на гостувањето кај Рад, Црвена Звезда стана нов-стар првак на Србија.

Звезда пред ова коло имаше 11 бодови предност пред Партизан со четири натпревари до крајот на сезоната. Сега има уште три меча, а „црвено-белите“ ќе ја имаат минимално истата предност пред својот ривал, која е недостижна.

Титулата беше обезбедена уште во првиот дел кога Звезда поведе со 0:3 со головите на Иваниќ, Бабиќ и Вукановиќ. Дегенек потоа погоди за 0:4, а Вукановиќ донесе 0:5.

Звезда дојде до својата 31. титула во историјата, и ја продолжи доминацијата со српскиот фудбал.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата