x

Црвена Звезда убедлива на „генералката“ со Графичар

Пред самиот рестарт на шампионатот на Србија, тимот на Црвена Звезда одигра пријателски натпревар на стадионот Рајко Митиќ со нисколигашот Графичар кој го доби со 4:0.

Головите за актуелниот шампион на Србија ги постигнаа Вукановиќ, Милуновиќ, Боачи и Гајиќ.

Избраниците на Дејан Станковиќ актуелниот шампионат го продолжуваат против тимот на Рад на гости в петок од 19:30 часот.

https://www.youtube.com/watch?v=aJZmzSgUmWM&feature=emb_title

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата