x

Црвена Звезда тргнува по Лука Станковски

129940420_1035482710210098_7214651391158334744_n

Македонскиот младински репрезентативец до 19. години и членот на Работнички Лука Станковски зимава ќе биде мета на Црвена Звезда. Клубот од Белград подолго време го следи Станковски, а еве веќе медиумите во Србија и го најавуваат трансферот.

Се работи за убедливо најталентираниот, најквалитетниот и најперспективниот млад фудбалер кој Македонија во моментов го има и кој веќе постигна четири погодоци во тековниот прволигашки шампионат. На адресата на Работнички на име на Лука Станковски перидов пристигнаа мора да се напомене доста понуди од странски клубови, а кој ќе успее да го добие младиот офанзивец останува да видиме.

Станковски туку што наврши 18. години и е дел од онаа плејада на млади фудбалери на Работнички кои преку првиот тим прават бум во нашата лига. Започна тоа своевремено со Елиф Елмас, а потоа и со Давид Тошевски. Сега на ред очигледно е Лука Станковски кој е стандарден во У17, а сега и во У19 македонските селекции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата