x

Циципас: Го губам разумот, почнав да зборува со предмети…

Контроверзниот тенисер Стефанос Циципас објави интересно и помалку бизарно видео на Јутјуб во кое зборува како ги поминува деновите во самоизолација.

„Кога долго време сте во карантин, едноставно почнувате да го губите разумот. Почнувате да разговарате со предмети. Ако се прашувате зошто не сум со фамилијата, имавме расправија пред неколку денови и јас само си заминав. Уште ги сакам и се радувам што повторно ќе ги видам, но некогаш е стресно да се биде таму. Поради тоа одлучив да одам и да бидам сам. А и не знам колку е сигурно да сум со нив со оглед дека дојдов од Лондон. Тешко е да се остане активен во овие денови“, изјави Циципас.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата