Расправата во хрватскиот сабор веднаш на почетокот падна во втор план зошто пратеникот на ХСС Младен Маѓер, кој говореше за проблемот на центарот за собирање на отпад Пишкорница предизвика помал инцидент и од вреча за ѓубре на подот фрлаше купишта хартија.

„Граѓаните се жалат на нетранспарентност, жителите се жалат на постојана смрдеа, а во потокот исчезнуваат рибите”, рече на почетокот на излагањето Маѓер, а потоа на крајот порача дека и покрај бројните апели се уште ништо не е преземено.

„Земете го вие тоа ѓубре, дајте ни чиста вода и воздух”. На здравје!, кажа Маѓер откако од кесата за ѓубре на подот фрли куп хартија.

Претседавачот Гордан Јандроковиќ на тоа му порача:

„Дајте кренете го тоа, некој тоа место вас ќе мора да го исчисти. Вие сте свесен пратеник па дојдете и кренете го тоа”, рече Јандроковиќ, по што Маѓер остана да седи во клупата, но потоа сепак стана и ги собра хартиите.