„Не може Берлин да биде некој вид европска штедилница и да бележи буџетски вишок, додека југот на Европа е погоден од рекордната невработеност, Доколку тоа продолжи, ќе видиме уште непријатни резултати на референдуми и избори во Европа”, истакнува грчкиот премиер Алексис Ципрас во разговорот за атинскиот весник Realnews објавен во неделата.

Според Ципрас, догмата за штедењето ја довела Европската унија „на работ од распадот”. Ги повикува северните земји членки на ЕИ да дадат финансиска поддршка на проблематичниот југ во борбата против невработеноста.

Ципрас, исто така, гои повтори својот апел до Германија да ја исплати воената отштета за време на нацистичката окупација. „Тоа е прашање на честа, Грција нема да ги повлече своите барања”, порачува грчкиот премиер.

Атина бара меѓу 269 и 332 милијарди евра отштета сторена од Германија во текот на Втората светска војна. Тоа вклучува материјална штета и отштета за воени злосторства, како и заеми кои Грција под принуда морала да му ги одобри на Третиот Рајх а кои никогаш не се вратени.

Барањето репарација од Втората светска војна е идеја којашто потекна во 2010 година од претходната конзервативна влада на Антонис Самарас кога Атина беше принудена да бара спасоносни меѓуанродни кредиите за да не банкротира, а којашто го покрена во 2013 година, но не беше упорна во овој процес. Берлин неколкупати одговори дека воената отштета со Грција е решено прашање.

На почетокот од февруари 2015 година, кога ова прашање повторно го отвори новата влада во Атина, германскиот вицеканцелар и министер за економија, Зигмар Габриел, одлучно ја отфрли ваквата можност. „Веројатноста на Грција да ѝ исплатиме отштета е нула”, рече Габриел додавајќи дека пред 25 години е потпишан договор кој ги оневозможува таквите барања од грчка страна.

Германија од крајот на војната во 1946 година, според договорот и’ ги исплатила репарациите на Грција, и активно го поддржала обновувањето на земјата, појасни во неколку наврати изминатите години Берлин. Германија и’ платила на Грција во 1960 година, 115 милиони тогашни германски марки (67 милиони тогашни американски долари) за штетата предизвикана од окупацијата во периодот од 1941 до 1944 година, кога стотици илјади луѓе во Грција починале од глад или биле убиени. Грчките влади, пак, смета дека овие исплати се несоодветни.

„Спогодбата за конечно решение со обѕир на Германија”, попознат како „Спогодбата два плус четири”, којашто во септември 1990 година, непосредно пред обединувањето на Германија, го потпишаа тогашните Западна и Источна Германија и четирите земји сојузнички од Втората светска војна. Со тој документ, што го потпишала и Грција, повлечена е линија под можните идни барања кон Германија за воена отштета, вклучително и за тоа што тогашната грчка централна банка била принудена да им даде пари на нацистите.

Грција во вторникот дека парламентарна комисија треба да ја процени висината на бараните репарации, а во средата во Атина со износ до 332 милијарда евра. Грција министерството правосудство се закани дека, доколку Германија го одбие барањето, ќе ги запленува германските недвижнини во Грција. Станува збор за зградата на Гете институтот во Атина, Германскиот археолошки институт и германските училишта во Атина и во Солун.

Зајберт не сакаше за медиумите да ги коментира ваквите закани, а портпаролот на германското министерство за финансии Мартин Јагер ја отфрли можноста за разговори за оваа тема. „За тоа прашање нема да водиме разговори ниту преговори со грчката страна”, порача Јагер.

Германската партија Левица, во меѓувреме, го поддржа грчкото барање. „Оправдани се барањата на грчката влада. Морална обврска на Германија е да го плати износот, па дури и доколку и постојат различни меѓународни правни мислења за тоа”, изјави во средата пратеничката на оваа партија во Бундестагот и претседателка на германско-грчката парламентарна група Анете Рот, барајќи германската влада за тоа прашање да пронајде решение заедно со грчката.