Првиот испит ќе биде натпреварот против Монпелје во Франција, слично како и минатата сезона, кога одигравме 34:34 на гости и 30:26 на домашен терен.

„Се враќам по една година во Лигата на шампионите, тоа е најважното натпреварување за секој спортист и се надевам дека ќе го дадам најдоброто од себе. Првиот меч е најважен. Важно е добро да отвориме против Монпелје, да всадиме во екипата еден победнички менталитет и со тоа да ја кренеме самодовербата. Нема лесен противник, особено во овој нов систем. На секој натпревар мора да се влезе со сто одсто од силите”, изјави средниот бек за офивцијалната интернет страница на клубот

Вардарци утре рано наутро заминуваат за Монпелје, а натпреварот ќе го одиграат в недела во 17 часот. Францускиот вицешампион покажа слабост синоќа, во натпреварот против Данкерк од домашното првенство, кој го загуби со 30:26. Монпелје играше без Гребиј и Симонет, кои се едни од најважните играчи во екипата.

Фото: РК. Вардар